Естетика (од грч. α?σθητικ?? - aisthetikos; осет, впечаток, восприема?е) — дел од филозофи?ата ко? се занимава со уметноста или традиционално определена како наука за убавото. Во поново време, естетиката честопати се нарекува и филозофи?а на уметноста. Ово? поим честопати се поврзува и со филозофските размисли за сетилноста, перцепциите, убавото и воопшто чувствата кои ги добиваме судрени со едно уметничко дело. Ово? поим понекогаш подразбира множество на ставови и гледишта на една култура или уметничко движе?е (на пример ?апонска естетика или естетиката на романтизмот). Во секо?дневниот говор, под ?естетско“ се подразбира нешто допадливо за сетилата, односно нешто кое поседува физички одлики кои се складни, хармонични и убави.
Главни поими со кои се занимава естетиката се: убавото, возвишеното, вкусот, уметноста, комичното, трагичното, експреси?ата, творештвото итн. Филозофите од оваа област во главно ги поставуваат следниве праша?а: Каде е убавото, во об?ектот или во умот на наб?удувачот?, Како се градат естетичките судови?, Како ?а оценуваме уметноста?, Кои одлики го прават еден предмет убав, допадлив или грд?, Што е уметност? итн. Во поново време, естетичките проблеми се во допир со проблемите и истражува?ата на науки и дисциплини како: истори?ата на уметноста, психологи?ата на уметноста, социологи?ата на уметноста и семиологи?ата на уметноста.
Во книгата ?Естетичка скепса“, итали?анскиот философ ?узепе Ренси тврди дека естетичкиот суд секогаш е суб?ективен и дека не може да тежнее кон апсолутното. Тоа произлегува оттаму што никако не може да се оспори неко? ко? претпочита еден автор од друг, еден композитор од друг. Според него, во естетиката не посто?ат вистина и заблуда, туку само вкусот на поединецот. Според философот Ет?ен Жилсон, човечкиот разум не може ниту да го допре процесот на уметничкото создава?е, туку то? го оценува уметничкото дело отпосле, дури кога тоа е создадено, но не може да го оценува во текот на создава?ето. Поради тоа, во естетиката нема никаква вредност принципот на противречноста. Наспроти науката, ко?а се развива и во ко?а докажаната теза ?а побива спротивната, во уметноста една теза не ?а укинува спротивната.[1] Слично на него, историчарот на уметноста Сер?о Бетини, во современата уметност само нишка го дели ремек-делото од грдоти?ата, така што за современата уметност не може корисно да се разговара.[2] Според Жилсон, само преку проучува?е на струите и промените на вкусот на поединците може уметничките дела да се распоредат во времето и така да се класификуваат според критериумите на можната естетска вредност.[3] Иако на теориски план е невозможно да се побие оно? што претпочита пар скинати на?лонски чорапи од Мона Лиза, сепак, од една до друга епоха постои согласност на мнозинството, т.е. определен бро? колективни индикации кои не можеме да ги занемариме. Оттука, ако естетичкото проучува?е се претвори во статистичко проучува?е на вкусот и ?модата“, можеби ?е се роди неко?а норма што би им била корисна на уметниците и на ?потрошувачите“ на уметноста. Ме?утоа, според Еу?енио Монтале, со тоа нема да се избегне суб?ективизмот при оценува?ето на вкусот на поединците.[3]
Во есе?от ?За поетот“, српскиот поет ?ован Дучи? тврди дека уметноста не може да се об?асни, туку само да се почувствува и тоа ?а прави супериорна во споредба со другите човечки творби. На уметноста не ? е потребно толкува?е, зашто не е можно да се толкува она што со толкува?ето не може да се поправи. вкусот за убавина е вроден ка? сите лу?е, зашто примитивниот човек почнал да ги слика ?идовите на пештерите пред да знае да зборува. Но, ако поединецот не поседува вродено уметничко чувство, не вреди да му се толкува убавината. Толкува?ето на убавото само довело до тоа да се нивелираат вкусевите и лу?ето да почнат да следат неко?а општа формула за убавината. Во текот на историскиот разво?, вкусевите станале пове?е колективни отколку поединечни, пове?е сугерирани отколку инспирирани. Затоа, низ истори?ата постоеле заеднички вкусеви ка? културните народи. Но, колективниот вкус не е единствен и апсолутен, туку се разгранува на поединечни вкусеви во согласност со темпераментот на поединецот. Во секое уметничко дело има нешто општо, апсолутно и нешто релативно, лично. Првото одговара на вкусот на сите лу?е, а второто одговара на личниот темперамент и на расата. За првото може да се зборува со надеж дека сите ?е се сложат со нас, но не може да се дискутира за второто. Затоа, во уметничкот суд не постои експеримент или принцип, туку само чувство и каприц; не се суди со памет и со метод, туку со темпераментот. Затоа, уметничката критика е непотребна. Уметничкиот критичар е ту?инец таму каде завршуваат колективниот, а почнуваат поединечниот вкус и суд. Сепак, критиката ?е постои, но само како наука. Таа е наука за човековиот дух, но само кога е во праша?е човеко-уметник. Предмет на уметничката критика се особините на писателот кои се во врска со делото.[4]
Во истори?ата оние праша?а кои денес ги изучува естетиката, биле изучувани во рамки на на?различни дисциплини, во главно во рамките на општата филозофи?а. Во оваа смисла како посебна, формално изделена дисциплина естетиката се издво?ува од филозофи?ата во XVIII век, од страна на германскиот филозоф Александер Баумгартен, ко? ?а дефинира како ?наука за сетилното познание“.